Дома Фудбал Италија Депресијата му ја уништи кариерата, Аталанта го отпушти Иличиќ

Депресијата му ја уништи кариерата, Аталанта го отпушти Иличиќ

Пред две години Јосип Иличиќ беше главна ѕвезда во Аталанта и прикажуваше фантастични настапи, но тогаш дојде неговиот прв тежок удар кога се соочи со депресијата и како што изгледа тоа му ја уништи кариерата.

Долг период Иличиќ воопшто не тренираше со Аталанта и никој не знаеше што точно се случува со фудбалерот во тој период на почетокот на 2020 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Се врати Иличиќ подоцна на терените, но по некое време повторно имаше проблеми, а сега Аталанта реши да го раскине неговиот договор предвреме.

„Ќе ги паметиме твоите настапи во Бергамо. Со твојата магија ги остварувавме нашите соништа“, стои во соопштението од Аталанта.

Иличиќ имаше договор на уште една година, меѓутоа во Бергамо одлучија предвреме да го раскинат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тијаго Силва блеска во 42. година. Погледнете го голот што го постигна во 98. минута

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Челзи и Милан, Тијаго Силва, донесе победа на својот Флуминен…