Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ден 2: Салах го напаѓа Уругвај, Роналдо против Шпанците

Ден 2: Салах го напаѓа Уругвај, Роналдо против Шпанците

Во вториот ден од Светското првенство во 14 часот играат Египет и Уругвај во рамките на групата А, додека во групата Б во 17 часот е среќаваат Мароко и Иран, а во 20 часот Шпанија и Португалија.

После убеливата победа на Русија против Саудиска Арабија, Уругвај и Египет имаат важен натпревар бидејќи победникот од овој дуел ќе има огромна предност во однос на поразениот. Најважното прашање во овој натпревар е колку големата ѕвезда Мохамед Салах ќе биде подготвен да помогне на соиграчите после повредата на рамото со која се здоби во финалето на ЛШ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мароко и Иран го играат првиот натпревар во групата Б, а и двете екипи се во проблематична ситуација бидејќи се во група со екипи кои се меѓу најголемите фаворити за титулата, Португалија и Шпанија. Мароко и Иран веројатно во секоја друга група би биле далеку посериозни противници, а така поразениот од овој дуел веројатно уште утре ќе ги пакува куферите.

Последниот натпревар во овој ден е големото дерби. Шпанија има нов селектор кој е на оваа позиција само два дена. Јеро кажа дека нема ништо да менува од она што го поставил неговиот претходник Лопетеги. Португалците во Русија доаѓаат со педигрето Европски шампиони, па од самиот старт против Шпанија че сакаат да се наметнат и како фаворити за светското злато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…