Французинот од редовите на Барселона, Осман Дембеле го одбил ултиматумот од 48 часа кој му бил поставен од Барселона за да го потпише новиот договор. Со ова крилниот фудбалер е поблиску до заминување.
Дембеле постави барања пред управата на Каталонците кои тешко можат да се исполнат со оглед на неговиот учинок и повредите кои ги има откако пристигна во клубот. Французинот од Барселона бара бруто плата од 40-тина милиони евра и договор на пет години за таква соработка Барса би требало да издвои околу 300 милиони евра што е премногу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните информации од Каталонија се дека Дембеле го одбил ултиматумот од Барселона и ставил до знаење дека тој си стои на истиот став. Ако не ги прифатат неговите барања ќе си замине како слободен фудбалер.
После ова како најдобра опција за Барселона изгледа да го продаде до крајот на овој преоден рок со цел барем нешто да заработи од неговото заминување. Сепак, не е познато дали Дембеле е расположен да прифати заминување сега или ќе го почека летото кога ќе може бесплатно да замине и да го избере новиот клуб.