Дома Трансфер зона Дембеле донел конечна одлука!

Дембеле донел конечна одлука!

Францускиот фудбалер Усман Дембеле (24) донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Според шпанските медиуми, францускиот фудбалер го известил тренерот Чави Ернандез дека нема да остане во Барселона и по пет години ќе го напушти каталонскиот гигант.

Се уште не е познато каде Дембеле ќе ја продолжи кариерата. 24-годишниот фудбалер има понуди од други европски гиганти и наскоро ќе ја донесе конечната одлука за нов клуб.

За неговите услуги интерес покажаа Баерн, ПСЖ и Челзи. Сите тие имаат можност без проблем да ги исполнат сите барања на 24-годишниот фудбалер, а останува да видиме каде Французинот ќе ја продолжи кариерата.

Дембеле за каталонскиот гигант настапуваше пет години. Тој пристигна во трансфер вреден 145 милиони евра од Борусија Дортмунд, но поради честите повреди не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лингард се сели во МЛС лигата

Неколку европски клубови се заинтересирани за се силно заинтересирани  за Џеси Лингард, ко…