Дома Останати Дастин Порие го нокаутираше Мекгрегор! 🎥

Дастин Порие го нокаутираше Мекгрегор! 🎥

Дастин Порие во Абу Даби го нокаутираше Конор Мекгрегор во втората рунда.

Борбата започна со размена на удари на двете страни, а потоа Порие се обиде да го сруши Ирецот, но Конор се одбрани. Се обиде Конор потоа со неговите препознатливи удари со рамо да му нанесе штета за потоа борбата да се врати на центарот од кафезот каде што Мекгрегор имаше неколку добри удари.

Имаше и Порие добри контри, меѓутоа се доби впечаток дека рундата е на Конор.

На отварањето на втората рунда Порие продолжи да го удира Конор по нозете, Мекгрегор имаше уште неколу добри удари. И тогаш следуваше изненадување за Ирецот, Порие прави добра серија на удари од кој Конор не успеа да се одбрани.

За Дастин Порие ова сигурно е најголемата победа во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал Мадрид спрема понуда за Салах

Мохамед Салах во последно време констатно се поврзува со заминување од Ливерпул. Египќанец…