Металург денеска одржа прес-конференција на која беше промовиран новиот шеф на стручниот штаб – Данило Брестовац.

Брестовац се враќа во Металург по неколкугодишна пауза, по ангажманите во францускиот Шамбери и луксембуршкиот Ред бојс Диферданж. Брестовац при својот последен ангажман во Металург ја обавуваше функцијата помошник на Лино Червар.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Голема благодарност до претседателот и сопственикот на клубот, кој по три години ми овозможува да се вратам дома, во клубот кој го чувствувам како свој. Јас не сум илузионист, не сум Дејвид Коперфилд, па да дојдам со магично стапче и да направам чуда. Можам да ветам дека во следниот период Металург ќе остане лидер во регионот по работата со млади категории. но се надевам и дека ќе го дигнеме клубот на едно ниво погоре. Целта е таа, Металург и натаму да биде фабрика што ќе произведува играчи за големите европски клубови. Имам поддршка од сопственикот во Металург да ги примениме тие современи методи и системи од моето искуство во Шамбери и да бидеме во чекор со сите тие современи тренерски процеси, со што би профитирал Металург, но би профитирале и македонскиот ракомет и репрезентацијата. Овде ќе има можност за оние што сакаат да работат, да напредуваат во својата кариера. За три години пак ќе се собереме и ќе подвлечеме црта што имаме сработено. Не сакам многу да зборувам, сакам повеќе да работам. Сакам да останам цел живот во Металург. Знам дека ќе биде тешко да одиме ниво погоре, но мојата младост и амбициозност ќе ми биде голем адут за да го направиме тоа. Сакам прво да ја одберам македонската база на играчите, а со странците не знам како ќе се одвиваат работите“, изјави Брестовац, кој побара уште неколку дена за да го комплетира својот стручен штаб и да ги претстави своите идни планови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Елмас: Против Италијанци секогаш е тешко, посебно против Јувентус

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас во интервју за клупската страница на Лајпциг зборуваше п…