Дома Фудбал Барселона сепак го објави ангажманот на Кансело

Барселона сепак го објави ангажманот на Кансело

Барселона повторно го објави ангажманот на Жоао Кансело, откако пред неколку часа од “Камп Ноу” го најавија враќањето на десниот дефанзивец, но кратко потоа ја избришаа објавата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Малку подоцна локалните медиуми информираа дека постоел проблем со еден конкретен документ, што предизвикало Ал-Хилал да ги предупреди каталонците дека немаат право да ја објават зделката како завршена.

Очигледно, неколку часа подоцна проблемот бил решен, а каталонскиот гигант повторно го објави ангажманот на Кансело. Десниот дефанзивец се приклучува на тимот како позајмен играч до крајот на сезоната и ќе го носи дресот со број 2. Договорот на играчот со саудискиот клуб е до крајот на сезоната и на лето тој ќе стане слободен агент.

Ова ќе биде втор период за Жоао Кансело со екипата на Барселона, откако беше дел од тимот во сезоната 2023/24, кога исто така беше позајмен на “Камп Ноу”, но од Манчестер Сити. Тогаш одигра 42 натпревари, во кои постигна четири гола и направи пет асистенции. Потоа премина во Ал-Хилал, каде одигра 45 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…