Дома Фудбал Останато Дали ова е најава кој би можел да го наследи Валверде?

Дали ова е најава кој би можел да го наследи Валверде?

0

Поради променливата игра на Барселона во медиумите често пати се пишуваша за промена на Ернесто Валверде, а последната информација можеби е најава кој би можел да го наследник.

Имено, селекторот на Холандија, Роналд Куман во својот договор има посебна клазула која му дозволува да ја напушти репрезентацијата после Европското првенство наредното лето, но само ако клубот кој го бара е Барселона.

Поранешниот тренер на Евертон добро работи во селекцијата на Холандија откако го наследик Дик Адвокат кој доживеа дебакл и не успеа да ја одведе селекцијата на Светското првенство во Русија. Холандија со Куман е на добар пат да избори пласман на Европското првенство.

Директорот на Фудбалскиот сојуз на Холандија, Нико-Јан Хог откри дека единствено Барселона може да ја прекине соработката на Куман со репрезентацијата која има важност до 2022 година.

„Има таква клазула, таков е договорот, но Барселона ќе мора да плати ако сака да го доведе. Роналд секогаш истакнуваше дека еден ден сака да ја води Барселона. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Хог.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездата на Барселона: На многу работи не гледам на цената, но да се купува Ферари е лудост

Кога минатата година Клемент Ленглет за 36 милиони евта од Севиља премина во Барселона мно…