Дома Фудбал Италија Дали Икарди вчера испрати порака до Интер? (ФОТО)

Дали Икарди вчера испрати порака до Интер? (ФОТО)

Мауро Икарди веќе втор натпревар на Интер на домашен проследи од трибините.

Секако тој ужива во друштво на својата сопруга Ванда Нара, а изгледа дека нив им е забавано иако не се омилени во Милано.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мауро наводно е повреден, меѓутоа но прегледите направени неодамна покажаа дека не се работи за никаква повреда, па јасно е дека станува збор за нешто друго.

Додека Икарди го следеше натпреварот против Рапид оние кои сакаат да шпекулираат забележаа еден сомнителен детал на неговата капа.

Кандрева се појави со капа со орел над која стоеше збор „Freedom“, односно слобода, па многумина веруваат дека Икарди со овој потег сакал да испрати порака до управата на Интер.

Исто така, минатата недела во натпреварот против Сампдорија Икарди се појави со слична капа. Тогаш на сликата место орел и „слобода“ стоеше лав и „крал“.

Многумина веруваат дека на овој начин Икарди најави заминување од „Џузепе Меаца“. Тој наводно веќе „кокетира“ со одредени клубови, а се погласни се зборува за негов трансфер на лето.

Интересно е што забележително беше дека тој и Ванда на трибините не ги славеа премногу головите на Интер. Поради целата ситуација се поставува прашањето дали

Икарди воопшто ќе заигра за Интер. Изгледа дека Ванда добро ја контролира ситуацијата и нема намера да му дозволи на својот сопруг да настапи се додека не добие договор каков што посакува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Телевизија објави како претседател на аргентински тим зема мито (Видео)

Претседателот на Сан Лоренцо Марсело Морети е под притисок од јавноста во Јужна Америка. Т…