Дома Фудбал Останато Што англискиот голман имаше напишано на шишето против Хрватска?

Што англискиот голман имаше напишано на шишето против Хрватска?

Многумина воодушеви со својот потег и со подготовките кои ги направи за натпреварот против Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Подготовката е секогаш поврзана кога станува збор за англискиот репрезентативец. Англискиот голман, Џордан Пикфорд повторно докажа дека многу прецизно пристапува на секој натпревар. Ништо поразлично немаше ниту во натрпеварот против Хрватска во склоп на последното коло од Лигата на Нациите кој го одлучи патникот во нокаут фазата од ова натпреварување.

Како што открија англиките медиуми, 24-годишниот голман повторно имаше запишани потенцијални изведувачи на пенали на Хрватска и нивните вообичаени страни кои ги избираат при изведување на најстрогата казна. Истата работа, голманот на Евертон ја направи и за пријателскиот натпревар со репрезентацијата на САД, а токму со овој „трик“ стана херој на Светското првенство кога Англија на пенали ја исфрли Колумбија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Биелса објаснува зошто не гледаше во камерата на фотосесијата за Светското првенство

Марсело Бјелса реагираше на неговата вирална фотосесија за ФИФА, при што одби да гледа во …