Дома Фудбал Англија Дали Венгер со оваа изјава даде знаење дека НЕМА да го напушти Арсенал?

Дали Венгер со оваа изјава даде знаење дека НЕМА да го напушти Арсенал?

Венгер во мај 2017. потпиша нов двегодишен договор со клубот од Лондон на чија клупа седна во далечната 1996. година.

Но, оваа сезона на „Топчиите“ им оди многу лошо, па Французинот е на удар од британската јавност. Арсенал минатиот викенд загуби во финалето од Лига Купот против Манчестер Сити со 3:0, во првенството зад лидерот заостануваат големи 27 бода, а за местото кое води во Лигата на Шампионите заостануваат десет бода.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Би го превртел целиот свет само да го почитувам мојот договор. Мојата позиција е последното нешто што ме загрижува во овој момент. Мојата најголема грижа е тимот да биде фокусиран и подготвен за натпреварот со Сити“, изјави Венгер.

„Мојата работа е да се фокусирам на нашата изведба, а другите ќе судат за мене. Во четврток играме многу важен натпревар. Не е можно секогаш да победиме, мораме да живееме со критики, тоа е дел од современиот фудбал, но мораме да се фокусираме на следниот натпревар и заедно да одговориме на тој предизвик“, додаде Венгер.

Вечерва од 20:45 екипата на Арсенал ја пречекува екипата која е лидер на табелата, Манчестер Сити во рамките на 28. коло од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Засилувањето на Њукасл од 85 милиони евра тресе мрежи, но го прогласија за промашување!?

Трансферот на Ник Волтемаде во англискиот гигант Њукасл за сума од 85 милиони евра уште од…