
Англискиот репрезентативец Дaклан Рајс и следната сезона најверојатно ќе игра за Вест Хем.




Посебен интерес за неговите услуги покажаа Челзи и Манчестер Јунајтед. На големо негово заминување се најавуваше откако одби да го продолжи договорот.




Сепак, според неговата изјава по завршувањето на сезоната во Премиер лигата тој ќе го носи дресот на „чеканите“ и во новата сезона.




„Горд сум на овој тим. Имавме одлична сезона и во Лигата на Европа и во Премиер лигата. Очекувам и следната година да бидеме на ова ниво“, истакна Рајс.




Дејвид Мојс претходно истакна дека за него Рајс вреди 100 милиони евра, а цената би можела и да се зголеми после Светското првенство во Катар на крајот на оваа година.