Дома Македонски спорт Мак ракомет Го одигравме најдоброто полувреме, но со пораз се простивме од Мундијалот

Го одигравме најдоброто полувреме, но со пораз се простивме од Мундијалот

Македонската ракомента репрезентација со пораз од Белорусија ги заврши настапите на Светското првенство во Египет (30:26).

Македонија одлично го отвори натпреварот и го одигравме најдоброто прво полувреме на Мундијалот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија дојде до водство уште во 5-та минута, но Белорусија израмнуваше. Потоа направивме серија од 4:1 и пиведовме со два гола разлика во 12-та минута.

Меѓутоа, Белорусите предводени од Кулеш веднаш вратија и брзо го израмнија резултатот, а до крајот на полувремето се играше гол за гол, па на одмор заминавме со резултат 14:14.

На стартот на вториот дел се држевме добро се до 40та минута, кога следуваше период од пет минути во кој не постигнавме гол, а Белорусија дојде до предност од 24:20.

Во следните неколку минути постигнавме само еден гол, па Белорусија дојде до највисоки плус 5 (26:21) на десет минути до крајот.

На крајот Македонија загуби со конечни 30:26 и како последнопласирани во втората група го завршивме настапот на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…