Месут Озил речиси сигурно ќе го напушти Арсенал следното лето, а во Арсенал веќе работаат на тоа да му пронајдат клуб во кој ќе ја продолжи својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој минатата година потпиша нов договор според кој заработува 350,000 фунти неделно, а договорот му истекува на крајот од 2021. година. Односот на 30-годишниот со луѓето во клубот е многу лош, со оглед на тоа што не играше оваа сезона, а дури и навивачите се помалку и помалку го поддржуваат.
Озил пропушти голем број на натпревари оваа сезона, а причината беше повредите и настинките што на крајот доведоа до пад на формата и со тоа го загуби местото во првиот состав на тимот од Лондон. Како што пишува „The Telegraph“, луѓето во клубот работаат на тоа да му пронајдат клуб кој е подготвен да го доведе Озил во својата екипа.
Оваа сезона Озил запиша 14 настапи, во кои постигна три гола и запиша една аситенција.