Сагата околу иднината на Илкај Гундоган конечно заврши, Германецот ќе ја продолжи кариерата во Барселона.
Гундоган одби да го продолжи договорот со Манчестер Сити и е слободен агент, а неколку клубови покажаа сериозен интерес за него.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Најсилен беше интересот на Барселона, која веќе неколку месеци работеше на трансферот и во него гледа идеален наследник на Бускетс.
Гундоган после долго размислување одлучи да ја прифати понудата на Каталонците и ќе ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“.
Германецот ќе пристигне како слободен агент, а ќе стави потпис на договор до 2026 година.
🚨🎖| BREAKING: Ilkay Gündogan has said ‘YES’ to Barcelona. The club must work now to register him. [@tjuanmarti] #fcblive 🇩🇪💣 pic.twitter.com/mGXCu1QXr0
— BarçaTimes (@BarcaTimes) June 21, 2023