Дома Фудбал Германија Готово: Бундеслигата се враќа следната недела!

Готово: Бундеслигата се враќа следната недела!

Германското првенство ќе продолжи следната недела, тврди „Ројтерс“ според информациите на негови извори од Федерацијата.

Бундеслигата би требало да продолжи на 15-ти мај, со традиционален еден натпревар во петок, а целото коло ќе биде одиграно за викендот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се очекува наскоро и најдобрите онлајн обложувалници 1xBet и Bet365 да ги претстават квотите.

Официјална потврда се чека утре кога Ангела Меркел ќе го објави укинувањето на серија мерки и продолжувањето на првенството во Германија.

Фудбалерите од Бундеслигата тренираат веќе подолго време при строго одредени мерки за безбедност. Беше направено тестирање во сите клубови од првата и втората лига, па од 1724 луѓе само 10 беа позитивни.

Со сигурност натпреварите до крајот на сезоната ќе бидат без публика, а така Бундеслигата ќе биде првото од Топ првенствата која ќе ја продолжи сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Алонсо е загрижен за ѕвездата на Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ја коментираше ситуацијата околу бразилскиот напаѓач…