Менаџерот на Евертон, Марко Силва изјави дека Андре Гомеш ќе може да се врати во игра уште оваа сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалскиот репрезентативец претрпе тешка фрактура на десниот глужд после стартот на Сон во мечот против Тотенхем.
Веќе следниот ден Андре Гомеш беше опериран, а клубот информираше дека оперативниот зафат поминал во најдобар ред.
Денес тренерот Марко Силва додатно ги израдува фановите на Евертон, но и сите љубители на фудбалот.
„Не е лесно да се даде сигурен датум за неговото враќање. Сите информации што ги добивам се од медицинскиот тим и тие мислат дека Андре ќе може да се врати на терените уште оваа сезона“, изјави Силва.