Дома Трансфер зона Арсенал започна преговори за Андре Гомеш

Арсенал започна преговори за Андре Гомеш

Арсенал покажува сериозен интерес за играчот на Барселона, Андре Гомеш, кој оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Евертон.

Португалецот минатото лето пристигна на „Гудисон Парк“ и остави одличен впечаток со своите настапи, па го привлече интересот уште на Тотенхем, Интер и Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон сака да го задржи Андре Гомеш, но „карамелите“ тешко дека ќе се изборат со конкуренцијата.

Барселона сака да го продаде играчот и за неговата слобода бара 30 милиони евра, со цел да ја врати инвестицијата.

Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и официјално започнал преговори со Барселона. „Топџиите“ во Гомеш гледаат идеален наследник на Арон Рамзи, кој се сели во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…