Дома Останати Кошарка НБА Голем трејд во НБА: Руди Гобер потпиша за Минесота

Голем трејд во НБА: Руди Гобер потпиша за Минесота

Почнаа трансферите и во НБА-лигата, а една голема размена се случи вчера, кога Руди Гобер потпиша за Минесота Тимбервулвс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Гобер ја напушта екипата и се сели во Минесота, а во спротивен правец заминаа Малик Бизли, Патрик Беверли, Вокер Кеслер, Џаред Вандербилт и Леандро Болмаро, како и неколку пикови за драфтот.

Познато е дека Гобер е важен играч во рекетот, а посебно во одбраната, па така во минатата сезона во НБА-лигата во просек постигнуваше по 15,6 поени, 14,7 скокови и 1,1 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…