Шеикот Јасин Бин Хамад Ал Тани кој претходно објави дека се повлекува од купувањето на Манчестер Јунајтед според последните информации би можел да се насочи кон Тотенмхем.
Катарците се решени во намерата да имаат клуб во Премиер лигата и така да се натпреваруваат со ривалите од Саудиска Арабија и ОАЕ кои инвестираат во Њукасл и Манчестер Сити.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Претходно претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи имаше средба со првиот човек на Тотенхем Даниел Леви, но засега газдите на ПСЖ немаат намера да се вклучат со понуда за купување на целиот клуб.
Јасим долго време важеше за фаворит за купување на Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајо преговорите пропаднаа бидејќи Глејзери не сакаа да попуштат и стоеа цврсто на ставот да добијат шест милијарди фунти.