Дома Фудбал Англија Голем потег на Ливерпул: Ериксон ќе седне на клупата на англискиот гигант!

Голем потег на Ливерпул: Ериксон ќе седне на клупата на англискиот гигант!

Екипата на Ливерпул ќе организира натпревар на своите легенди против елгендите на Ајакс и тој дуел ќе се игра на „Енфилд“ на 23-ти март оваа година.

Секоја година се случуваат натпревари на легендите, но овој натпревар ќе биде посебен поради легендарниот стратег Свен Горан Ериксон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, неодамна во едно свое обраќање Ериксон соопшти дека боледува од неизлечива болест според докторите му останува околу една година живот. Во разговорот со медиумите тој зборуваше и за неговите неостварени желби, а најголемата во кариерата му била еден ден да го води Ливерпул кој е негов омилен клуб.

Набрзо по таа изјава на Ериксон, Јирген Клоп испрати јавен повик дека ќе му дозволи да помине еден ден со првиот тим, но во меѓувреме од „Енфилд“ пристигнаа уште подобри вести за Ериксон.

Имено, тој ќе биде дел од стручниот штаб во споменатиот натпревар против легендите на Ајакс и така во последните денови од својот живот ќе си ја исполни големата желба. Навистина прекрасен гест на англискиот гигант и нема сомневање дека целиот настан ќе помине со многу емоции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бербатов го спореди Вирц со Модриќ: “Ќе биде феномен, само му треба време”

Германскиот талент Флориан Вирц сè уште не ги исполнил сите очекувања во Премиер лигата, к…