Дома Македонски спорт Мак ракомет Големо засилување во Битола: Потпиша Никола Митревски!

Големо засилување во Битола: Потпиша Никола Митревски!

Maкедонскиот шампион, Еурофарм Пелистер добива големо засилување на голманската позиција – Никола Митревски од следната сезона ќе го брани голот на битолскиот клуб.

За Митревски ова е враќање во матичниот клуб по долги години. Договорот кој го потпиша е со важност од две години. Во претходните четири сезони, Митревски бранеше за Порто, а настапуваше уште за Костанца, Бенфика, Металург и Вардар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ви го претставува првото засилување за сезоната 2024/25. Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони.

Во нашиот тим доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите и роден шампион. По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар“, објави Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…