Дома Фудбал Италија „Големите клубови живеат во облаци, после ова ништо нема да биде исто“

„Големите клубови живеат во облаци, после ова ништо нема да биде исто“

Италијанскиот министер за спорт даде изјава која може да се сфати како најава дека во Италија уште долго време нема да се игра фудбал.

Винченцо Спадафора најавува продолжување на суспензијата која сега е на сила до 3. мај. Тоа би значело дека првенството од кое останаа 12 кола скоро сигурно ќе заврши пред крајот на јуни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фудбалот нема да започне ни на 3. мај. Управата на Серија А веќе погреши со проценката кога беше времето за запирање. Мораат да сфатат дека ништо нема да биде како порано. Спортот не е само фудбалот и фудбалот не е само Серија А. Основниот спорт ќе добие план од 400 милиони евра. Тие пари ќе ги дадеме на аматерските здруженија, оние за кои сме сигурни дека ќе бидат придвижувачи на преродбата. Големите клубови живеат во облаци и над своите можности. Најголем проблем се милионските плати. Тие мораат да сфатат дека после оваа криза ништо нема да биде како претхосно“, изјави Спадафора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…