Металург ја забележа втората победа во Лигата на шампионите, откако славеше над Ла Риоха 24-23, а херој за металурзите беше Арсиќ кој блескаше на голот.
Металург, предводен од брилијантниот голман Дарко Арсиќ, во најголемиот дел од натпреварот беше тимот кој ја диктираше играта и кој ја имаше предноста на своја страна, но „црната дупка“ во која влегоа во периодот од 41-та до 52-та минута, можеше тимот на Червар да го однесе во пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчите на Ла Риоха направија серија 3-9 и стигнаа до највисоката предност на мечот 20-22. Сепак, на Металург не му се случија натпреварите против Татран и Чеховски медведи и успеа да ја надмине кризата, најмногу по заслуга на Драгаш кој блескаше во последните седум минути, постигнувајќи три од четирите гола на Металург во тој дел од натпреварот.
Но бодовите тимот од Автокоманда немаше да ги освои доколку на голот го немаше Арсиќ, кој успеа да ги одбрани последните два напади на Ла Риоха.
Арсиќ дефинитвно станува нов миленик на навивачите на Металург, тој имаше 16 одбрани, неколку од нив беа спектакуларни и ја истакна кандидатурата за најдобар голман на четвртото коло.