Дома Македонски спорт Мак ракомет Голден Арт КЛ7 на 4 Август ги стартува подготовките за престојната сезона

Голден Арт КЛ7 на 4 Август ги стартува подготовките за престојната сезона

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 со нов стручен штаб и неколку промени во играчкиот состав, на 4 Август ќе ги стартува подготовките за новата сезона во второто по ранг натпреварување во државата.

Според планот на тренинзи на новиот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески, подготовките ќе се реализираат во две фази. На стартот на подготовките кои ќе се реализираат во Скопје ќе се тренира на подигање на физичката издржливост, тренинзи во фитнес центар и во сала, додека во втората фаза е предвидено да се одиграат повеќе пријателски натревари со суперлигашки екипи. Исто така, веќе договрено учество на меморијалниот турнир во чест на ркометната легенда Миле Нешковски кој од 31 Август до 2 Септември ќе се одржи во Прилеп.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На стартот на подготвоките во составот на ќе недостасуваат младите Емилинан Ѓорговски, Мартин Димовски, Божидар Илиески, Ѓорѓи Ерманоски и Марко Стојковиќ кои имаат репрезенатитвни обврски со кадетската репрезентација и планирано е да се приклучат на екипата после 15 Август. Олег Јорданов кој исто така беше на списокот на кадетската репрезентација поради повреда нема да биде во можност од самиот старт да биде во комплетен тренажен процес.

Во првата фаза од подготовките тренерот Матлиески, во тренажнит процес на првиот тим ќе приклучи неколку ракометари од генерацијата 2004/05 давајќи им можност да напредуваат и докажуваат во сенорскиот тим.

Првиот тренинг е предвидено да се одржи во салата при СЦ „Јане Сандански” во 16.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…