Mанчестер Сити го елиминираше ПСЖ и се избори за финале во Лигата на шампионите.
После победата од 2:1 во првиот натпреварот составот кој го води Пеп Гвардиола и вчера победи со 2:0 и така се пласираше во финалето каде што ќе го чека подобриот дуелот помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ по натпреварот зборуваа дека главниот судија Бјорн Кјуперс ги навредувал.
„Бевме подобар тим 70 минути и испаѓаме со високо подигната глава. Тажни сме, но свесни дека не е лесно после финалето минатата сезона да се биде помеѓу најдобрите четири и во оваа“, зборуваше Херера, па продолжи за наводните навреди од Кјуперс.
„На Паредес во еден момент му кажа „од*еби“. Не можеме тоа да го прифатиме, ако ние кажавме такво нешто ќе добиевме забрана за неиграње од три или четири натпревари. Зборувам за пцуење“.
Херера не е единствен кој зборуваше за вакво нешто, на речникот на судијата се пожали и Марко Верати.
„Два пати ми кажа е*и се“, изјави Италијанецот.