Дома Фудбал Италија Гигантите сакаат намалување на бројот на клубови во Серија А?

Гигантите сакаат намалување на бројот на клубови во Серија А?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Фудбалската федерација на Италија размислува да направи реформи во структурата на првенствата. Според најавите во наредниот период би можело да дојде до намалување на бројот на клубовите.

Во овој момент во Серија А се натпреваруваат 20 клубови, а идејата е да се намалат на 18, наводно таа намера веќе ја поддржале гигантите Јувентус, Интер и Милан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека во понеделникот имало состанок на клубовите на кој им била објаснета намерата. Целта би била да се намали оптоварувањето на играчите кои и без тоа имаат многу натпревари во сезоната.

Покрај трите споменати гиганти оваа одлука била поддржана и од други клубови, меѓутоа засега тие се малцинство во однос на оние кои не сакаат такви промени. Логично е помалите клубови да се против ваквиот предлог бидејќи би им се намалиле шансите за опстанок и влез во друштвото на најдобрите.

Исто така против овој предлог се и телевизиите, нормално затоа што ќе има помалку пренос. Се очекува идејата за промени првиот човек на ФИГЦ, Габриеле Гравина да ја претстави на генералното собрание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…