Дома Македонски спорт Мак баскет Гечевски: Наша обврска е да се запамети името на големиот Благоја Георгиевски Буштур

Гечевски: Наша обврска е да се запамети името на големиот Благоја Георгиевски Буштур

Спортскиот Директор на КФСМ, Тодор Гечевски, ја отвори денешната прес-конференција за завршницата од Купот во машка конкуренција со посвета. Посвета кон оној чие име од ова издание ќе го носи националниот Куп – Благоја Георгиевски Буштур.

„Периодот што измина беше еден тежок за кошарката во Македонија. Изгубивме доста видни личности кои придонесоа за развој на кошарката и она што сме ние денеска, и кошаркари и кошаркарски работници. Од сите имиња кои ги изгубивме, едно име се издвојува, тоа е името на големиот кошаркар, тренер, спортски работник и на крајот еден голем човек – Благоја Георгиевски Буштур. Ние како раководство на федерацијата едногласно одлучивме дека неговото име треба да биде запишано во историјата, но и во иднината на македонската кошарка, па затоа се договоривме дека во иднина Купот на Македонија ќе го носи неговото име. Наша чест и обврска е да се запамети неговото име, да остане во сеќавањата на сите, да остане како пример на сегашните работници и да остане на едни идни генерации кои следејќи го неговиот пример ќе направат се за да македонската кошарка биде се поголема и поквалитетна.“ – потенцира Гечевски, а потоа им посака среќа и на сите учесници.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Се надевам дека сите присутни овде се надеваат на добра игра, на победи и на крајот на краиштата ние како федерација се надеваме на добра кошарка и дека најдобриот ќе го однесе пехарот дома. На сите присутни им посакувам среќа и ферплеј се да заврши како што треба.“ – заврши Спортскиот Директор.

На прес-конференцијата беше присутен и Борјан Георгиевски, синот на легендарниот Буштур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…