Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Германската легенда „удри“ по Роналдо: Си го покажа вистинското лице!

Германската легенда „удри“ по Роналдо: Си го покажа вистинското лице!

Репрезентацијата на Португалија по подоброто изведување на пенали ја елиминираше Словенија и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство.

Трагичар во овој натпревар можеше да биде Кристијано Роналдо кој претходно во 105. минута не реализираше најстрога казна. Исто така претходно Роналдо имаше неколку слободни удари од кои шутираше директно кон голот, но во ниту една ситуација не беше толку блиску до погодок.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На оваа тема зборуваше Дитмар Хаман кој призна дека пред овој натпревар мислел дека Роналдо игра поинаку и тимски, сепак му изгледа како да се излажал.

„Ќе признаам, поверував дека Роналдо стана повеќе тимски играч отколку порано. Верував и јас во таа глупост, но мислам дека против Словенија го видовме неговото вистонско лице“, изјави Хаман.

За потсетување, Португалија во сабота во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Наполи го освои и „Сан Сиро“

Наполи запиша голема победа на гостувањето кај Милан 0:2 и се зацврсти на првата позиција …