Дома Фудбал Останато Германија за Мундијалот може да состави четири спектакуларни екипи: Еве како изгледаат!

Германија за Мундијалот може да состави четири спектакуларни екипи: Еве како изгледаат!

Германија квалификациите за СП ги заврши со максимален учинот, 10 победи од исто толку натпревари и со импресивна гол разлика 43:4. Притоа за „панџирите“ погодија вкупно 21 фудбалер, што е навистина неверојатно!

Поради тоа селекторот Јоаким Лев ќе има големи грижи пред Светското првенство – како да избере само 22 фудбалери кои ќе патуваат во Русија!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Германија има толку широк кадар што може, без проблем, да состави дури четири екипи кои би можеле да се борат за медал на Мундијалот.

Нормално, најсилната германска постава е онаа со најзвучните имиња. На голот Мануел Ноер, во одбраната Кимих, Боатенг, Хумелс и Хектор. Средниот ред треба да го сочинуваат Кедира, Крос и Озил, а напред Милер и Марко Ројс позади Тимо Вернер.

Постои можност во врвот на нападот да биде Милер, а од идеалните 11 да испадне Ројс кој има проблеми со повреди, па на негово место да се наде Дрекслер.

Номинално втората постава е Тер Штеген на голот, Хенрих, Шуле, Рудигер и Платенхард во дефанзива. На средина се наоѓаат Јулијан Вајгл и Руди, а пред нив Сане, Горецка и Дрекслер. Во самиот напад во вториот тим би играл Марио Гомез кој е миленик на Лев.

Ако мислите дека останатите два тима ќе бидат послаби, се излажавте: Третата постава е: Лено – Ховедес, Мустафи, Тах, Толјан – Емре Чан, Гундоган, Јунес – Геце, Филип и Вагнер.

Четвртата: Трап – Висер, Гинтер, Орбан, Герхард – Дохуд, Демирбаи, Воланд – Гнабри, Јулијан Брант и Штиндл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …