Aрсенал по 18 одиграни натпревари во првенството оваа сезона победи на 15, двапати ремизираше и само еднаш беше поразен.
Во овој момент „топџиите“ се лидери на табелата со осум бодови предност во однос на Манчестер Сити. Но, Гери Невил смета дека тие на крајот не само што нема да бидат шампиони, туку според него нема да бидат ниту второпласирани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал го победи Тотенхем во лондонското дерби во последниот натпревар во Премиер лигата со 2:0. Единствениот пораз во првенството им беше од Манчестер Јунајтед во септември минатата година (1:3), а ремизираа со Саутемптон и Њукасл.
„Арсенал нема да го освои првенството, шампион ќе биде Манчестер Сити. Мислам и дека Манчестер Јунајтед ќе биде на второто место. И знам дека навивачите на Арсенал ќе бидат изнервирани.
Лично повеќе драго би ми било Арсенал да ја освои Премеир лигата, тоа е добро и за целата лига. Секако дека најмногу сакам Јунајтед да биде шампион, но тоа нема да се случи оваа сезона“, изјави Невил.