Легендата на бугарскиот фудбал Благо Георгиев веќе некое време води преговори за влегување во Вардар со конзорциум на фирми од Источна Европа.
Дека се разговара Георгиев потврди и пред неколку дена во изјава за бугарската „ТВ Нова“, а сега во нова изјава за медиумите во Бугарија призна дека некој сака тој да не во Вардар.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Како што веќе кажав, Вардар има тим и потенцијал за големи работи, но не сакам да зборувам за нешто кога не е завршено. Некои се обидуваат да го срушат проектот. Поради тоа повеќе не сакам да зборувам во овој момент“, изјави Георгиев.
Ќе потсетиме, долгот на Вардар е повеќе од два милиони евра и поради тоа и оваа година клубот може да остане без лиценца за настап во Европа како што беше случај и минатата година.