Манчестер Сити е клуб кој троши многу пари, но некогаш и „граѓаните“ не можат нешто да си дозволат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пеп Гвардиола ги изненади навивачите со изјавата дека Манчестер Сити немал доволно пари да купи напаѓач на нивото на Агуеро и Хесус и како што потенцираше тоа би можело да ги чини титули.
„Сакавме да купиме напаѓач, но не можевме да си го дозволиме. Таква беше реалноста. Не можевме да доведеме напаѓач на нивото на Агуеро и Хесус и тоа може да не чини титули. Не дека не сакавме, не можевме да си дозволиме. Таква беше ситуацијата и тоа е тоа“, изјави Гвардиола.
Ќе потсетиме Агуеро се повреди ќе биде надвор од терените две недели, а од претходно повреда лекува и Габриел Хесус.