Дома Фудбал Останато Гвардиола прифатил да биде селектор на Бразил, проблем била само платата?

Гвардиола прифатил да биде селектор на Бразил, проблем била само платата?

Бразил е еден од главните фаворити на претстојното Светско првенство во Катар.

„Кариоките“ се одлично избалансиран тим, а нападот секако е главно „оpyжје“ на селекторот Тите кој ќе има „слатки маки“ во изборот на фудбалерите. Прв противник во Катар на селекцијата на Тите ќе биде репрезентацијата на Србија против која играат во четврток.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Пред овој натпревар изјава која предизвика големо внимание во фудбалскиот свет даде потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Франсиско Новелето.

Имено, Новелето истакна дека Бразил го контактирал Пеп Гвардиола кој прифатил да биде следен селектор на оваа репрезентација.

„Контактиравме со Пеп Гвардиола, тој рече дека ќе прифати да биде селектор на бразилската репрезентација. Сепал, неговата плата од 24 милиони еввра годишно е преголема за нашиот буџет“, заклучи еден од челниците на бразилската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер објави уште едно ново засилување пред почетокот на Светското клупско првенство

Од Интер официјално го објавија доведувањето на крилото Луиш Енрике со трансфер од Марсеј.…