Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Почнав како дете кое собира топки, видете каде сум денес…

Гвардиола: Почнав како дете кое собира топки, видете каде сум денес…

Пеп Гвардила не криеше дека Барселона е клубот кој имал големо влијание во неговото оформување како тренер, меѓутоа и додаде дека со искоствово во текот на времето и многу се променил.

Во Лигата на шампионите вечерва се играат натпревари од четвртфиналето, а дефинитивно дербито помеѓу Реал и Сити привлекува најголемо внимание.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Пред овој натпревар Пеп беше запрашан и за неговата поврзаност со Барселона. Интересно е што во четвртфиналето се дури четворица тренери кои во минатото на некој начин биле поврзани со Бареона (Гвардиола, Чави, Артета и Луис Енрике).

„Барселона е клуб кој врз мене имаше големо влијание. Започнав како дете кое собира топки на 13 години, а видете каде сум сега. Сепак, со текот на времето и искуството се променив низ годините“, изјави Гвардиола.
Зборуваше Пеп и за натпреварот со Реал.

„Натпреварите помеѓу нас и Реал Мадрид стануваат класици, пред две години не елиминираа минатата година ние ги елиминиравме“, додаде шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…