И повеќе од очигледно е дека Родри недостасува на Манчестер сити, па Пеп Гвардиола ќе мора да реагира во зимскиот преоден рок и да доведе негова замена.
Шпанските и англиските медиуми истакнуваат дека „граѓаните“ повторно ги контактирлае агентите на Мартин Зубиаменди со цел да го известат дека се спремни да ја платат неговата откупна клазула.
Засега не е познат ставот на Зубиаменди, но не треба да се заборави дека во текот на летото одби понуди од Барселона, Арсенал и Ливерпул.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Неговата откупна клазула изнесува 60 милиони евра и „граѓаните“ се спремни да ја платат во јануари, меѓутоа е потребно прво Зубиаменди да даде зелено светло.
Во репрезентацијата на Шпанија, Зубиаменди го замени Родри кога се повреди на Европското првенство и тоа се покажа како вистински потег на селекторот Луис Де Ла Фуенте, па тој рецепт би можел да го примени и Пеп Гвардиола.
Ќе потсетиме, Манчестер сити е во серија од четири порази во низа во сите натпреварувања.