Дома Фудбал Англија Гвардиола во големи проблеми пред дербито со Арсенал

Гвардиола во големи проблеми пред дербито со Арсенал

Викендов во недела на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, а тимот предводен од Пеп Гвардиола е во исклучително лоша позиција пред овој дуел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Репрезентативната пауза донесе многу проблеми со повреди во редовите на актуелниот шампион. Од дербито со Ливерпул надвор од тимот е Едерсон, додека потоа се повредија Џон Стоунс и Кајл Вокер. Меѓутоа неизвесни за настап се уште Кевин Де Брујн, Џек Грилиш и Матеус Нуњез.

Сите овие отсуства секако се проблем за Гвардиола, но добра вест е што од повреди се враќаат и би требало да бидат спремни Бернардо Силва, Рубен Силва, Мануел Аканџи и Ерлинг Халанд.

Сепак, проблеми има и во редовите на Арсенал бидејќи во настапот за Англија се повреди Букајо Сака, но ситуацијата кај „граѓаните“ е многу полоша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Агентот на Гвардиола призна за разговори со Ал-Наср

Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Наср, покажува интерес за Пеп Гвардиола. Тоа го потврди …