Дома Фудбал Италија Гатузо не се појавил на вчерашниот прес затоа што му се затворило окото

Гатузо не се појавил на вчерашниот прес затоа што му се затворило окото

Tренерот на Наполи Џенаро Гатузо не се појави пред камерите после натпреварот против Реал Сосиедад во Лигата на Европа.

Многумина беа изненадени зошто Гатузо не се појави пред новинарите откако неговиот тим со ремито 1:1 помина во 1/16 финалето како првопласиран на табелата.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Место него на новинарите им се обрати неговиот помошник тренер Џиџи Ричио кој објасни зошто Гатузо не бил во можност да зборува.

„Гатузо има проблем со окот. Тоа е проблем со кој живее веќе некое време. Понекогаш му се затвара како што се случи вечерва. Потоа работите се враќаат во нормала“, изјави Ричио.

На една од фотографиите од натпреварот може и да се види моментот кога десното око на Гатузо е полузатворено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …