Tренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо одржа прес-конференција за медиумите пред натпреварот од третото коло во хрватската лига каде што неговиот тим ќе го пречека Вараждин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во еден дел од прес-конференцијата Гатузо зборуваше за случувањата во клубот, а помеѓу нив беше и елиминацијата од квалификациите за Конференциската лига.
„Не е се црно во нашето испаѓање, ќе имаме повеќе сили да се посветиме на првенството“, изјави Гатузо по испаѓањето од Ружемборк.
Но, потоа го прокоментира и тимот на Сергеј Јакировиќ истакнувајќи дека не е случајно тоа што Динамо доминира во Хрватска.
„Ги гледав, секогаш ја следам конкуренцијата. Тие се тим со победнички менталитет, не е случајност што доминираат 15-16 години и секогаш играат во Европа. Ние со нашиот ростер не може да играме во две натпреварувања. Динамо е структуиран, има ростер и добри играчи. Во последните шест години како тренер во Европа видов дека е тешко да се играат два натпревари неделно“, изјави Гатузо.