Милан денес го одигра првиот пријателски меч оваа сезона, против Новара и победи со 2:0.
Стрелци на головите беа Сусо и Калабрија, а после мечот тренерот Гатузо одговори на „најжешката тема“ – Леонардо Бонучи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку дена се погласни се шпекулациите дека Бонучи ќе го напушти Милан, иако Милан денес дозна дека сигурно ќе игра во Лига Европа минатата сезона.
„Разговарав со Бонучи, тој е неверојатен професионалец и голем човек. Тој е многу важен играч за нас, но во овој момент треба да ги респектираме одлуките на самите фудбалери. Ќе видиме што ќе се случи, ние сакаме по секоја цена да остане“, изјави Гатузо.
„Среќни сме што ќе играме во Европа и што нашата жалба беше прифатена. Сега имаме нови сопственици, во наредните денови треба да дојдат да се запознаеме и да ни соопштат кои се плановите. Голем клуб како Милан секогаш треба да игра за да победува“, додаде Гатузо.