Во изминатиот период медиумите константно шпекулираа за иднината на Карлос Бака и тврдеа дека напаѓачот би можел да го напушти Милан во зимскиот преоден рок.
Интерес за Бака покажуваат неколку екипи ширум Европа, а најмногу се поврзува со трансфер во ПСЖ и Севиља.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, спортскиот директор на „росонерите“, Адриано Галиани денес категорично демантираше дека Бака може да биде продаден во зимскиот преоден рок.
„Продажбата на Бака не е во нашите планови. Ние сакаме додатно да се засилиме за да се вратиме во Лигата на шампиони. Тоа е нашата примарна цел, Бака останува во Милан“, изјави Галини.
„Доколку пристигне непристојна понуда? Повторувам, ние немаме намера да го продаваме играчот. Меѓутоа, во фудбалот се е можно“, заклучи трансфер гуруто на Милан.