Дома Фудбал Италија „Газета“ за дебито на Шевченко: Како да возите Фиат 500 и да се натпреварувате во Формула 1

„Газета“ за дебито на Шевченко: Како да возите Фиат 500 и да се натпреварувате во Формула 1

Легендарниот Украинец Андриј Шевченко во изминатиот викенд дебитираше на клупата на Џенова.

Џенова ја пречека Рома ослабена и беше поразена со 2:0, но можеше да се забележи дека кај играчите на Џенова има промена во самиот пристап и добро парираа на гости кај фаворитот од Рим.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јасно беше дека Шева го чека тешко деби, а еве на кој начин неговото деби го опиша „Газета дело спорт“.

„Тоа ви е како да возите Фиат 500, а се натпреварувате во Формула 1“, пишува „Газета дело Спорт“ со напомена дека „можете добро да ја започнете трката, но на првата кривина вас лесно ќе ве поминат“.

Инаку, Џенова е клуб кој во својата историја има девет титули во Серија А, но во некое далечно минато, во последните години овој клуб се бори за опстанок помеѓу најдобрите. Во овој момент Џенова е на 18. позиција со само девет бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гигант гради незапирлив тим: Родриго може во неочекуван трансфер да го напушти Реал Мадрид

Бразилецот Родриго може да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во редовите н…