Дома Фудбал Останато „Габигол не успеа во Интер затоа што Икарди и Занети беа љубоморни на него“

„Габигол не успеа во Интер затоа што Икарди и Занети беа љубоморни на него“

Габриел Барбоса летото 2016 година дојде како големо засилување во Интер од редовите на Сантос.

Интер за бразилскиот тинејџер плати 30 милиони евра, но популарниот Габигол не ги оправда очекувањата на „Меаца“.
Тој одигра само десет натпревари во неговата прва сезона за Интер и постигна само еден гол. Една година подоцна се пресели на позајмица во Бенфика кaде што исто така не се наигра.

На крајот се врати во Фламенго и тоа за него беше одличен потег бидејќи игра во одлична форма и е најзаслужен што овој клуб го освои трофејот во Копа Либертадорес после 38 години.
За неговото време во Интер зборуваше и неговиот агент Вагнер

Рибеиро кој порача дека поединци биле љубоморни на Габигол.

„Имаа голема забава кога дојде во Интер, многу поголема од онаа кога Кака дојде во Милан. Тоа не им се допадна на Икарди и Занети кои беа љубоморни на него. Тој е одлична личност и во Фламенго покажа за каков играч се работи. Во Интер не му дозволија да успее“, изјави Рибеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ќе биде интересно во Дортмунд: Белингам со убав гол брзо ја анулира предноста на Сити! 🎥

Борусија Дортмунд преку младиот Белингам брзо ја анулира предноста на Манчестер Сити. Бели…