Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујо пред Суперкупот: Сакам по осум години враќањето да ми почне со пехар!

Вујо пред Суперкупот: Сакам по осум години враќањето да ми почне со пехар!

Вардар се подготвува за првиот предизвик домашен предизвик, сезоната официјално ќе биде отворена со Суперкупот во кој „црвено-црните“ ќе играат против Еурофарм Пелистер.

Пред натпреварот тренерот Веселин Вујовиќ исткна дека Е.Пелистер е квалитетен тим и директен ривал на сите фронтови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не чека првиот натпревар против Еурофарм Пелистер, директен конкурент за шампионската титула и лани играше важна улога и во Македонија и во Европа. И покрај тоа што ја темпираме формата за СЕХА-мечот со ППД Загреб, најважно за нас е да одиграме добар натпревар и обврска е да победиме за да го освоиме Суперкупот. Не размислувам каков ќе биде резултатот, знам дека навивачите сакаат да победиме со висока разлика, но ќе мора да видиме каква ќе ни биде формата на терен. Уште ни фали Гурбиндо, кој има право за настап, сакам моето враќање во Вардар по осум години да почне со пехар.

Не знам дали ќе има публика во СЦ „Борис Трајковски“. Секогаш е емотивно кога ќе се сретнам со „Комити“. Го респектираме Еурофарм Пелистер, сакам финале со нив и во Струга, таму ќе бидеме комлетни. Верувам дека ќе биде еден вистински европски натпревар. Во Суперкупот силите ќе бидат 50-50. Тоа е добро за мене, затоа што ќе можам да видам како ќе реагираат и играат некои играчи“, изјави Вујовиќ.

Вардар и Пелистер ќе се сретнат утре во „СЦ Јане Сандански“ од 19:00 часот.

Фото: Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…