Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Второто полувреме беше едно од подобрите, играчите ги заслужуваат сите честитки“

„Второто полувреме беше едно од подобрите, играчите ги заслужуваат сите честитки“

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Како и после првиот натпревар и после оваа средба на нашата селекција своето стручно мислење за нашиот сајт го даде поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Седлоски смета дека денешното второ полувреме било едно од подобрите.

„Жалиме сите, се гледа дека играчите се тажни. Покажаа дека имаат карактер, одиграа одлично второ полувреме. Среќни сме што ни ја донесоа оваа радост што сме на Европско, мислам дека денеска второто полувреме беше едно од подобрите. Сите до еден кои влегоа одиграа одлично, селекторот направи неколку измени и нова формација. Штета што таа игра не беше наградена со шанси за тој втор круг. Постои уште некоја шанса, но таа е многу мала, треба да се поклопат многу работи. Цела јавност е со нив, ние како поранеши играчи. Навистина големи честитки за играчите“

„Треба да продолжиме да играме како во второто полувреме. Примивме два гола, по некои грешки, прекин, но ова е ЕП и нема простор за грешки, големите селекции ја казнуваат секоја грешка. Одиме во Холандија да одиграме на највисоко ниво“, изјави Седлоски.

Натпреварот помеѓу Македонија и Холандија се игра на 21. во понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Возач од Формула 1 стана косопственик на француски фудбалски клуб

Возачот на Формула 1, Пјер Гасли денеска стана косопственик на фудбалскиот клуб Версај. Ве…