Дома Фудбал Репрезентации „Во првото полувреме со Исланд видовме што може оваа Македонија“

„Во првото полувреме со Исланд видовме што може оваа Македонија“

Романија заврши добра работа и во натпреварите со Исланд и Лихтенштајн освои максимални шест бода, а сега оваа репрезентација ќе ни гостува во Скопје.

Романците сега се на третото место во групата со девет освоени бодови, ние сме четврти со осум, Ерменија втора со 10 и Германија прва со 12. Селекторот на Романија, Мирел Радои посакува победа и во Скопје.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Натпреварот со Македонија ќе биде тежок. Ние ќе одиме на нова победа, но ќе играме со добар тим, видовме што може оваа Македонија во првото полувреме против Исланд. Во тој период наметнаа своја игра и доминираа, играчите имаат одличен технички квалитет и лесно можат да ви направат проблем во дуелите еден на еден. Ќе анализираме кои се слабите точки и како можеме да ги искористиме“, изјави Радои.

Ќе потсетиме, Македонија покрај вчерашното реми со Исланд, одигра нерешено и против Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…