Дома Фудбал Франција Во Париз ништо ново: Нова повреда на Рамос

Во Париз ништо ново: Нова повреда на Рамос

Серхио Рамос никако глава да крене од повреди, сега повторно заработи нова.

ПСЖ потврди дека шпанскиот фудбалер заработил нова повреда и таа е веќе негова трета од неговото пристигнување во Париз на почетокот на оваа лето. Рамос чувствува постојана непријатност во листот. Првите вакви проблеми кај него се појавија пред една година и од тогаш ситуацијата се нема многу променето или подобрено.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Засега никој не знае кога Рамос од оваа нова повреда ќе се врати во ПСЖ, но полека неговиот трансфер во ПСЖ се означува како „промашување“, посебно затоа што заработува шест милиони евра годишно.

Последниот натпревар Рамос го одигра на 23. Јануари против Ремс, тогаш конечно успеа да врзе два натпревари во низа и три во последните четири кола. За ПСЖ Рамос дебитираше на 28. ноември и вкупно има само пет настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…