Дома Македонски спорт Во Истанбул поставен нов македонски рекорд во скок во далечина!

Во Истанбул поставен нов македонски рекорд во скок во далечина!

Aндреас Трајковски, еден од најдобрите македонски атлетичар на Балканијадата во Истанбул освои сребрен медал во скок во далечина во сала и постави нов македонски рекорд.

Трајковски скокна 7.79 метри и тоа е најдобар резултат во оваа категорија на еден Македонец во сала. До последната серија Трајковски беше на првото место со 7.75, но Хрватот Лука Чурковиќ во 6-тата серија скокна 7.81, Андреас потоа го подобри својот резултат, меѓутоа не доволно да се врати на првото место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бронзата заврши на градите на Божидар Сарабуков од Бугарија. На 13-ти февруари Трајковски го очекува нов меѓународен атлетски митинг во сала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…