Пари Сен Жермен вчера играше заостанат натпревар од Лига 1 против Монпелје.
Домаќинот однесе убедлива победа од 5:1, а потегот на натпреварот го имаше Анхел Ди Марија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно вчера поголемото внимание на фудбалската јавност беше насочено кон Лигата на шампионите каде што силите ги одмерија Шалке – Манчестер Сити (2:3) и Атлетико Мадрид – Јувентус (2:0).
Меѓутоа и во Париз имаше што да се види. Во убедливата победа на „светците“ Анхел Ди Марија во последните секунди од првото полувреме постигна фантастичен гол од слободен удар.
Од 30-тина метри Ди Марија испрати супер прецизен удар, а тоа што топката удри во пречката придонесе само погодокот да изгледа уште поубаво.
Голманот на гостите се испружи колку што е долг меѓутоа не успеа да го спречи ова ремек-дело на Аргентинецот. Останатите погодоци за Пари Сен Жермен ги постигнаа Курзава, Нкунку, Мбапе, додека Хилтон ја погоди сопствената мрежа. Молиет се погрижи за почесниот погодок на гостинскиот тим.
https://www.youtube.com/watch?v=a7GbKn1yIRU
Во Франција вчера се одигра и уште еден заостанат натпревар помеѓу Бордо и Гуингамп кој заврши со најнепопуларниот резултат без погодоци (0:0).
Иначе и во Лигата на шампионите видовме вистинска мајсторија од слободен удар во режија на Лерој Сане (тука) во натпреварот кој Манчестер Сити го доби со 2:2.