Вчерва во Лигата на шампионите се одиграа два натпревари Атлетико Мадрид – Јувентус и Шалке – Манчестер Сити.
Јасно дербито на вечерта се играше во Мадрид каде што беа насочени сите погледи. На крајот во Мадрид Атлетико славеше со 2:0. Меѓутоа иако натпреварот во Гелзенкирхен привлекуваше помалку внимание понуди навистина големи возбудувања, а на крајот сепак англискиот клуб ја оправда фаворитската улога.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Серхио Агуеро уште во 18-тата минута го доведе Сити во водство и тогаш се мислеше дека „граѓаните“ нема да имаат тешка задача да ги однесат трите бода од оваа средба. Меѓутоа во 38-та и 45-та Бенталеб на ист начин – со удар од белата точка прави комплетен пресврт.
На полувреме Шалке замина со предност од 2:1.
Во вториот дел на дваесетина минути пред крајот Отаменди заработува црвен картон и веројатно тогаш сите помислија дека сме на чекор од големо изненадување. Сепак, во 85-тата Лерој Сане со вистински еврогол кој е и можеби најдобриот во досегашниот дел од Лигата на шампионите изедначува на 2:2.
Во финишот се случи една несекодневна ситуација. Голманот Едерсон запиша асистенција додека стрелец на погодокот беше Рахим Стерлинг.
Така „граѓаните“ пред реваншот си обезбедија солидна предност. Меѓутоа она што можеби и најмногу ќе се памети од овој натпревар освен пресвртот во последните минути сигурно е спектакуларниот погодок на Сане.
https://www.youtube.com/watch?v=czaeC3VkEz4